Цеф Кроненвет е годинашен лауреат на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност.
Како автор на некои од највпечатливите и највлијателните визуелни ремек-дела во современата кинематографија, Кроненвет донесе револуција во филмската уметност.
Неговата долгогодишна, култна соработка со режисерот Дејвид Финчер ни ги презентиташе филмовите, како Боречки клуб (Fight Club), Социјална мрежа (The Social Network), Исчезната (Gone Girl) и Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo), кои му донесоа и две номинации за Оскар.
Со доделувањето на ова признание, Кроненвет се приклучува на клубот на великаните на светската кинематографија кои ја понеле Специјална Златна камера 300, со што Битола уште еднаш се позиционира како центар на светската филмска уметност.

Свеченото врачување на наградата ќе се одржи во рамките на претстојното издание на фестивалот во Битола, кога на Дан Лаустен и Џеф Кроненвет ќе ги примат наградите.ИФФК Браќа Манаки ќе се одржи во Битолa од 19 до 25 септември 2026 година.

Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе ја има својата македонска премиера по успешното претставување на фестивалот Трајбека во Њујорк и на Филмскиот фестивал во Сараево. Ова е втор филм на Дина Дума кој ќе биде прикажан во главната програма на „Манаки”, по дебитантскиот СЕСТРИ, прикажан на 42 издание на овој фестивал во 2021 година.
Уште еден филм од оваа програма во чие создавање има македонски удел е филмот СРАМ И ПАРИ на режисерот Висар Морина и кинематограферот Јанис Мазух, во германско-косовско- словенечко-македонско-белгиско- албанската копродукција.
Програмата „Камера 300 на 47 издание на ИФФК „Браќа Манаки” се состои од дванаесет филмови кои својата меѓународна премиера ја имале во 2026 година на некои од најголемите филмски фестивали во светот.
Меѓу останатите филмови во програмата „Камера 300″, има уште неколку големи режисерски и кинематограферски имиња, а дел од нив и претходно учествувале на фестивалот „Браќа Манаки”.