Војна

ЕУ сака да преговара со Русија, но не може да избере претставник

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Меѓу земјите членки на Европската Унија постои консензус дека Европа мора да има свое место на преговарачката маса меѓу Русија и Украина, сепак не може да избере свој претсавник, пренесува „Политико”

Европските лидери се состануваат во Даблин во обид да ги надминат се подлабоките поделби околу тоа кој треба да ја претставува Европската унија во преговорите за ставање крај на војната.

Според „Политико“, меѓу земјите членки на ЕУ се издвоија три различни табори. Едниот го поддржува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вториот, предводен од Франција и Германија инсистира главните европски сили да задржат директно учество, додека третиот – составен главно од балтичките држави се залага водечката улога да ја преземе шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

Калас, сепак, предизвикува поделени реакции поради нејзиниот исклучително остар став кон Москва. Некои дипломати сметаат таа би била неприфатлива за руската страна, но нејзините поддржувачи тврдат дека токму тој цврст пристап би можел да биде предност.

Најнови вести