Различните очекувања за монетарната плитика на САД и еврозоната продолжуваат да влијаат врз движењата на девизниот пазар, при што доларот добива предност, а европската валута се соочува со зголемен притисок.
Девизниот курс се спушти на 1,11, при што се појавија стравувања од повторување на должничката криза од 2012 година.
Еврото падна на најниско ниво во однос на американскиот долар, а како причини се наведуваат, продлабочената фискална криза и политичката нестабилност во Франција, претстојните избори во Шпанија, долгот на Германија и Италија, со што е намалена довербата на инвеститорите во целиот блок. Дополнителен товар е и енергетската неизвесност поради конфликтот на Блискиот Исток.