Извештај

Домашното производство добило 6,29 милијарди денари од кредитната линија за инвестиции

Ревизијата се однесува на одобрените кредити во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

14,2 милијарди денари се повлечени за финансирање инвестиции и развој на приватни компании во Македонија преку кредитна линија од 250 милиони евра, објави Државниот завод за ревизија.

Најголем дел од средствата се насочени кон домашното производство, а значителни износи се вложени и во градежни објекти
и современа опрема.

До февруари 2026 година биле одобрени 767 проекти во вкупна вредност од 14,26 милијарди денари. Малите претпријатија предничат според бројот на проекти со 455 одобрени инвестиции, додека најголем финансиски износ добиле големите компании, за кои се одобрени 4,72 милијарди денари.

Според распределбата по дејности, производството добило 6,29 милијарди денари, односно 44 проценти од вкупните средства. За трговијата биле одобрени 3,5 милијарди денари, за транспортот 1,45 милијарди, а за градежништвото околу 988 Милиони денари.

Најголем дел од инвестициите биле насочени кон градежни објекти, за кои искористени 6,62 милијарди денари, и современа опрема, со 5,48 милијарди денари. Дополнително, околу 1,6 милијарди денари биле наменети за премин кон обновливи извори на енергија, а 545 милиони денари за обновување на транспортни средства.

Државниот завод за ревизија утврдил дека управувањето и распределбата на средствата од Развојната банка на Македонија се во согласност со важечката законска рамка.

Инвестициската активност продолжила и во март и во април 2026 година, кога биле одобрени средства за уште 15 проекти во вредност од околу 168 милиони денари.

Најнови вести