средби на македонската делeгација

Гаши и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВРЕДИ во посета на Саудиска Арабија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска престојува во посета на Ријад, Кралството на Саудиска Арабија, а во состав на делегацијата се и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Мицевски и Оливер Спасовски и заменик координаторот на ВРЕДИ Аднан Азизи.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средба со својот хомолог, Шеик д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, претседател на Консултативниот совет (Шура), како и со пратеници и членови на Групата за пријателство, а ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата.

Најнови вести