Персиски залив

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ги повика Хутите да ги запрат нападите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, ги повика силите на Хутите веднаш да ги сопрат нападите врз цивилни објекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа и нафтена инфраструктура.

„Хутите мора веднаш да ги прекинат сите терористички операции насочени кон цивили и цивилни објекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, нафтени објекти и инфраструктура“, изјави портпаролот на коалицијата, генерал-мајор Турки ал-Малики, за време на прес-конференцијата во Ријад.

Ал-Малики прикажа снимки од надзор од нападите врз аеродромите низ кралството во кои загинаа 19 лица, а 364 беа повредени.

Коалицијата потенцира дека се обидела да ги таргетира воените капацитети на Хутите, а воедно да ја минимизира штетата врз цивилите и цивилната инфраструктура во Јемен.

Најнови вести