Франција се соочува со најава за нови протести и национален штрајк, бидејќи граѓанските движења оценија дека досегашните мерки на владата не се доволни за решавање на незадоволството поради платите, трошоците за живот и состојбата со јавните услуги.
Синдикатите повикаа на нови демонстрации следната сабота и национален штрајк на петти ноември, тврдејќи дека незадоволството се проширило и надвор од студентското движење.
На нови протести повикаа и припадниците на движењето „Жолти елеци“, кое беше формирано во 2018 година поради незадоволството од даноците на горивата.
Активистите предупредуваат дека гневот се шири во училиштата, универзитетите, на работните места и во земјоделството.
Полициските синдикати реагираат дека немаат доволно луѓе за подолг период да одржуваат толку високо ниво на ангажираност.
На протестите во саботата учествувале 410.000 луѓе, соопшти француското Министерство за внатрешни работи. За одржување на редот беа распоредени 70.000 полицајци.