ГРОМ со осуда за новата кривична пријава за Јакимовски

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Партијата чиишто претседател е Стевчо Јакимовски, со осуда за денешната нова кривична пријава.

Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции.

Граѓаните гледаат што се случува и со право прашуваат:

Зошто повторно Јакимовски? Зошто токму сега кога пред само неколку дена Врховниот суд ги укина претходните пресуди против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување.

И зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?

Јавноста очекува кривични пријави, истраги и разрешница за дивоградбите во Чаир, за урбаниот хаос и за сите случаи во кои постојат сомнежи за незаконско постапување.

Очекува одговори за тоа кој дозволувал, кој градел, кој потпишувал и кој со години ги затворал очите пред дивоградбите.

Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница.

ГРОМ ја повикува власта да престане да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок, стои во соопштението од партијата.

Најнови вести