Нова транша пари од Унгарскиот кредит за Компаниите. Станува збор за 45,2 милиони денари кои се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии.
Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра.
Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милиони евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март изминатата година.
Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до три години, соопшти Министерството за финансии.