Македонците што бараат работа во Германија на удар: Берлин предложи преполовување на квотата за Западен Балкан

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Германската влада го усвои предлогот годишната квота за вработување работници од Западен Балкан да се намали од 50.000 на 25.000 работници. Новите правила би можеле да го отежнат пристапот до германскиот пазар на труд за работниците од Србија, Македонија и другите земји од регионот.

Мерката треба да ја одобри Бундесратот, а гласањето е закажано за 18 декември. Предлогот претходно беше најавен во коалицискиот договор меѓу конзервативците и социјалдемократите.

Германските здруженија на работодавачи сметаат дека намалувањето на квотата би можело да го продлабочи недостигот од работна сила, особено во градежништвото, и бараат ограничувањето целосно да се укине.

Најнови вести