СДСМ го објави кандидатот за градоначалник на Брвеница.
Доаѓа од приватниот сектор, целиот свој работен стаж го има посветено на граѓаните, како ветеринар и како советник, посветен на луѓето и на својот крај, соопштија од партијата.
Додаваат дека е чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во општина Брвеница.
Како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, одблиску ги познава проблемите и потребите на граѓаните. Подготвен е со конкретни решенија, за промени на подобро, за сите граѓани на општина Брвеница, велат од СДСМ.