Калина и Кристијан на гости во Србија, соработката со Српската пинг понг федерација се засилува

Под палка на Бојан Милошевиќ, координатор за перспективни спортисти, и тренери од Белград, Калина Митева и Кристијан Митев од пинг понгарскиот клуб Пелагонија од Битола 6 дена тренираа со најперспективните српски млади пинг понгари и дел од избраните репрезентативци на Србија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Како што соопштија од македонската пинг понгарска асоцијација, тренинг кампот е резултат на веќе воспоставената соработка со Пинг понгарската федерација на Србија која претставува регионална мрежа за надградба и унапредување на нашите сегашни и идни играчи.

Наша чест е што претставници од Српската федерација очекуваме и на тренинг кампот во Скопје од 7 до 10 Октомври во спортскиот центар Јане Сандански, се вели во соопштението до медиумите.

Најнови вести