Енергетски сектор

Ќе се модернизираат шест хидроцентрали во земјава

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Хидроцентралите Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица ќе се модернизираа. Се заменува застарената опрема со 46 милиони евра. 35 милиони евра се заем од германската развојна КФВ банка и 10,7 милиони неповратни средства од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Според Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, земјава има голем хидропотенцијал, но за негово искористување потребно е модернизирање на постројките.

Целта е со замената на застарената опрема да се намалат прекините во работата, да се продолжи работниот век на постројките и ќе се зголеми оперативната безбедност, со што се ќе се овозможи сигурна испорака на електрична енергија кон електроенергетскиот систем.

,,Зголеменото производство и обем на
системски балансни услуги, ќе ни донесат најмалку 5 милиони евра дополнителни годишни приходи”, изјави Лазо Узунчев, претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со инвестицијата ќе се овозможи зголемување на портфолиото на производство на АД ЕСМ во делот на обновливите извори на енергија, а со тоа ќе се обезбеди квалитетна електрична енергија.

Најнови вести