Поради планирано исклучување на водоснабдувањето денеска без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14″ и Амбулантата Бит Пазар. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира и за прекини во електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 09 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата 6 во Бардовци.