Марк Твен: „Премногу од сe е лошо, но премногу добро виски е едвај доволно.“

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Доколку сте љубители на виски, најдоброто време од денот за да вистински го почувствувате вкусот на вискито, верувале или не, е всушност утрото!

Компанијата Cask Trade поседува и тргува со буриња шкотски, ирски, виски од Новиот свет, рум и други пијалоци и нуди совет за уживателите на овој темен алкохолен пијалак. Cask Trade не претставува само еден бренд, туку работи како пазар и сопственик на буриња со виски (и други жестоки пијалаци) од над 170 различни дестилерии во светот.

Според компанијата, доколку сакате да пиете виски и да уживате во вкусот, причината зошто вискито е најдобро да се дегустира наутро, е што тогаш вашето непце е најчисто и не е зафатено од вкусови од разни оброци и течности. Затоа, за навистина да го откриете сложениот вкус, обидете се да дегустирате во средината на утрото, а не доцна навечер. Ако сакате изговор да пиете алкохол наутро, сега го добивте!

Според Cask Trade неколку совети би биле од голема корист за полно уживање во виски.

ЧАШАТА ЗА ВИСКИ ИГРА ВАЖНА УЛОГА

– Обликот и квалитетот на чашата се неверојатно важни за подобрување на вашето уживање во дегустација на виски. Дизајнот што се закривува навнатре ги насочува и концентрира вкусовите на вискито. Овој стил на чаша е широко достапен и евтин. Како алтернатива, може да се замени со мала чаша за вино или порто, но избегнувајте големи чаши за црвено вино и чаши за шот.

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ДО СЕБЕ ФЛАША ВОДА

– Минерална вода на собна температура оди идеално со виски. Треба да се избегнува мраз и ладна вода бидејќи ќе го потиснат вкусот на вискито. Водата од чешма може да биде доста променлива, па затоа не се препорачува.

ОБЈЕКТОТ/ ЛОКАЛОТ КАДЕ ШТО УЖИВАТЕ ВО ВАШАТА ЧАША ВИСКИ

– Местото каде што го пиеете вашето виски игра важна улога. Доколку сте дома, кујната, на пример, може да биде многу лошо место за уживање во виски, особено ако има постојани мириси на храна, кафе итн. Друга стапица е чадот, држете се подалеку од пури и цигари во овој момент. Но, ако сте вистински хедонисти и уживате во комбинација од двете, одберете го вистинското место каде што се чувствувате свои, каде што ви е удобно и каде што полниот вкус ќе ви го наполни срцето.

На здравје.

Најнови вести