Ова македонско вино рамноправно може да застане на винските полици на развиените светски пазари

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари.

Брендот LudaMara во изминатиот период изгради силна препознатливост и одличен прием кај потрошувачите. Проширувањето со пенливо вино претставува ново поглавје во развојот на линијата, но и одговор на зголемениот интерес на потрошувачите за свежи и разновидни вина што се вклопуваат во различни моменти и пригоди.

Истовремено, LudaMaraSparkling ја одразува пошироката амбиција на „Тиквеш“, потпирајќи се на повеќе од еден век винарска традиција и над 1.000 меѓународни награди и признанија, да создава брендови и вина кои според квалитетот, идентитетот и дизајнот се на исто рамниште со останатите познати светски винарници.

LudaMaraSparkling е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај, со фино и долготрајно перлење. Во мирисот се препознаваат нежни цветни и цитрусни ароми, надополнети со ноти на зелено јаболко и круша, додека вкусот е свеж, хармоничен и со чиста овошна завршница.

Новото пенливо вино е наменето за различни пригоди, од спонтани дружења и вечери, до прослави и одбележување на посебни моменти. Најдобро се служи разладено, на температура од 6 до 8 °C, а одлично се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, тестенини и овошни десерти.

Името LudaMara потекнува од реката што протекува низ Кавадарци, во срцето на Тиквешкото виногорје. Оваа непосредна врска со местото на потекло останува важен дел од идентитетот на линијата, а со Sparkling добива нов, пожив и поинтернационален израз.

LudaMaraSparkling веќе е пуштено во продажба и во почетниот период ќе биде достапно во ограничени количини.

Најнови вести