Вината произведени во Шампањ отсекогаш играле многу уникатна улога во историјата на Франција и биле главниот пијалок кој се служи на банкетите за крунисување. За да едно пенливо вино се нарече „Шампањ” треба да се произведува специјално во регионот на Шампањ во Франција, а грозјето што се користи за мешавината треба да се одгледува во истиот регион.
Шампањот го одбележува својот ден, традиционално, секоја година, на четвртиот петок од октомври. Денот на шампањот за првпат се означува во 2009 година на иницијатива на калифорнискиот блогер и вински тутор, Крис Огенфус. Со текот на годините, се повеќе љубители на вино во светот учествуваат во Денот на шампањот, кој стана универзален настан за љубителите на овој пенлив пијалак.

Шампањот се точи бавно, најчесто во два наврати за да се контролира пената. Шампањот се послужува добро изладен, во соодветни чаши и со посебно внимание при отворањето за да се зачуваат неговите меурчиња и специфичен вкус. Се препорачуваат долгнавести и тесни чаши кои најдобро ги задржуваат меурчињата и ја нагласуваат свежината.

Видови на шампањ
Blanc dе Blancs – шампањ направен само со бело грозје – Шардоне.
Blanc de Noir – Овие вина се произведуваат користејќи само црно грозје. За да се направи бело вино, производителите на шампањ го користат само внатрешниот дел од грозјето.
Prestige Cuvée – Ова се вистинските скапи шампањи за кои треба подолго време за ферментирање од другите шампањи.
Rosé Champagne – мешавина од бело вино – Шардоне и мал дел црвено вино.
Non-Vintage Champagne – овие шампањи се добиваат со мешавина на различни берби.
Moët & Chandon e најпродаваниот бренд за шампањ во светот.
На здравје!