Гастрономија

Ова се ТОП 10 земји со највкусна храна, меѓу нив е и една држава од регионот

Илјадници патници ги оцениле своите омилени дестинации на скала од еден до пет за тоа каде јаделе највкусна храна за време на патувањата.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Читателите на престижното списание “Condé Nast Traveller” ги избраа најдобрите гастрономски земји за 2026 година, а Хрватска е меѓу првите десет.
Илјадници патници ги оцениле своите омилени дестинации на скала од еден до пет, а просечните оценки потоа биле претворени во проценти.

Италија се најде на првото место, со резултат од 96,92 проценти. Од неаполска пица и сицилијански каноли до миланско рижото, речиси секој дел од земјата има јадења кое вреди да се проба. Особено се издвојува Емилија-Ромања, регионот на пармезанот, пршутата, традиционалниот балсамико оцет и познатото рагу.

Веднаш зад Италија е Грција, чија гастрономија комбинира маслиново масло, зеленчук, свежа риба, месо, сирења и рецепти што се разликуваат од остров до остров. Третото место го зазеде Португалија, позната по јадењата со бакалар, морските плодови, питите „пастел де ната“, традиционалните таверни.

Јапонија е на четвртото место. Токио привлекува љубители на фина кујна, но јапонската кујна не завршува со суши и рамен. Традиционалните гостилници, познати како „рјокани“, им нудат на гостите можност да ја доживеат сезонската кујна и локалните обичаи.

На петто место е Турција, чија гастрономска понуда опфаќа многу повеќе од месо. Пазарот на зачини во Истанбул е полн со сушено овошје, локуми и ароматични мешавини, додека Газиантеп е особено познат по својата баклава и ф’стаци.

Од регионот, Хрватска се најде меѓу првите десет, односно на деветото место. Нејзината кујна комбинира медитерански, централноевропски и балкански влијанија.

10. најдобри земји за љубителите на храна изтазени во проценти

Италија – 96,92 проценти

Грција – 96,72 проценти

Португалија – 96,57 проценти

Јапонија – 96,00 проценти

Турција – 95,65 проценти

Индонезија – 95,87 проценти

Шпанија – 95,48 проценти

Тајланд – 95,31 проценти

Хрватска – 94,39 проценти

Јужна Африка – 94,26 проценти

Најнови вести