Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави нов пакет мерки за интеграција на учениците со странско државјанство во училиштата.
Меѓу предложените мерки се ограничување на бројот на ученици со странско државјанство во еден клас, како и задолжително изучување на италијанскиот јазик за родители на деца кои имаат сериозни потешкотии со интеграцијата во училишниот систем.
Мелони најави и правила со кои би се забранило покривање на лицето во училиштата.
Според податоците, на кои се повика владата на Мелони, учениците кои немаат италијанско државјанство сочинуваат околу 11,6 насто од вкупниот број ученици.
Новите прописи наскоро треба да бидат претставени пред италијанската влада.