Мое скромно согледување, Македонија е држава со солиден демократски капацитет и политичка зрелост на граѓаните. Вака Антонио Милошоски од позиција на потпретседател на Собранието ја оценува состојбата на демократијата во Македонија денес.
-Она што треба да го зајакнеме е дека во демократијата оној што мисли различно не е непријател, како и тоа дека почитувањето на одлуките донесени од легитимното мнозинство не е слабост, туку одраз на политичка култура, вели Милошоски за „РЕПЕР“ на денот кога Собранието го одбележува Меѓународниот ден на демократијата.
Поголема група четвртооделенци се почесни гости на интересен настан во Парламентот по повод 15 Септември- обиколка на законодавниот дом и можност за давање свое мислење, како и поставување прашања за улогата на Собранието во повеќепартиската демократија.

Амбасадорот на Швајцарија, Кристофер Зомер, почесен гостин во Собранието денеска, бидејќи Швајцарската Конфедерација важи за една од државите со највисок степен на непосредна демократија и граѓанско учество во носењето на многу одлуки.