Временска прогноза

Од денес температурите растат: УХМР со нова временска прогноза

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

УХМР за денес најавува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Од денес под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).

Од среда следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Најнови вести