Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најавува УХМР.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.
Во вторник максималната температура ќе биде до 20 степени, додека во петок се очекуваат 23 степени.