Временска прогноза

ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Метеоролозите најавуваат дожд, од понеделник невообичаено високи температури

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието, најавува УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Синоптичарите за наредните денови најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината.

Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Најнови вести