Отворена стечајна постапка за АЛТА банка во Белград, најавена исплата на осигурените депозити

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Судот во Белград отвори стечајна постапка над АЛТА банка, соопшти Агенцијата за осигурување на депозити, од каде најавија дека до шести ноември ќе објават кога ќе започне исплатата на осигурените депозити.

Агенцијата за осигурување на депозити е именувана за стечаен управник, а нејзиниот Управен одбор одлучил исплатата на осигурените средства на штедачите на АЛТА банка да ја врши Банката „Поштанска штедионица“.

Од Агенцијата информираат дека најдоцна до петок, 6 ноември 2026 година, на нивната официјална веб-страница ќе бидат објавени датумот на почеток на исплатата и списокот на експозитури на „Поштанска штедионица“ каде што граѓаните ќе можат да ги подигнат средствата.

Според соопштението, Агенцијата има обврска да ја започне исплатата на осигурените депозити во рок од седум работни дена.

Најнови вести