Ако веќе пиете алкохол, не би било лошо да изберете таков од кој што нема да ве боли главата следниот ден. Не постои алкохол кој е целосно безбеден, но ова се алкохолите кои најчесто предизвикуваат мамурлок.
Пиво или бело вино
Чаша вино или пиво честопати изгледаат како попаметен избор од коктел, бидејќи содржат помалку алкохол. Но сепак можат да доведат до мамурлак затоа што имаат помала содржина на алкохол, но лесно е да се претера со нив.
Црвено вино
Има нешто посебно во отворањето флаша добро црвено или црно вино, но со сите свои состојки од, танини, хистамини и шеќер носи мамурно утро. Ако не можете да го замислите животот без вино, изберете бело вино, а како и секогаш, умереноста е единственото вистинско решение.
Темни – жестоки пијалаци
Обично овие пијалаци се избор на најпребирливите, но без разлика дали ги пиете чисти или во коктели, за жал, тие често се оние што предизвикуваат најлош мамурлак.
Евтин алкохол
Ова може да звучи очигледно, но евтиниот алкохол игра голема улога во тешките мамурлаци. Поевтините жестоки пијалоци, кои се дестилирани помалку пати, содржат повеќе конгенери, а студија од 2013 година објавена во списанието „Форензичка наука, медицина и патологија“ покажува дека овие соединенија ја забавуваат способноста на телото ефикасно да го разгради алкохолот.
Како да се намалат шансите за мамурлак?
– Јадете пред да почнете да пиете.
– Пијте вода помеѓу алкохолните пијалоци.
-Обидете се да се наспиете добро.
Ако се разбудите со мамурлак, лекови против болки како ибупрофен можат да ви помогнат да ги ублажите симптомите.
ПИЈТЕ ОДГОВОРНО!