Ватикан

Папата Лав објави дека оди на операција, му откриле јазол на белодробно крило

Ватикан соопшти дека Неговата Светост ќе се подложи на операција во првите денови од неделава, со очекувано време за закрепнување од една недела.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Папата Лав XIV за време на неговиот неделен благослов, објави дека заминува на операција во наредните денови за отстранување на нодуларна лезија на белите дробови, која неодамна му била откриена за време на медицински прегледи. Се очекува Лав да биде опериран во болницата „Џемели“ во Рим.

71-годишниот Папата Лав рече дека лезијата е пронајдена во рана фаза и дека е ограничена или добро локализирана. Ватикан подоцна соопшти дека Неговата Светост ќе се подложи на операција во првите денови од неделата, со очекувано време за закрепнување од една недела.

Папата Лео нема претходно познати здравствени проблеми и се смета за физички активен, со неделни тениски натпревари и пливање во папскиот летен одмор во Кастел Гандолфо.

Папата има планирано големо патување од 6 до 17 ноември во Уругвај, Аргентина и Перу. Не е јасно дали планираната операција и закрепнување ќе влијаат на маршрутата.

Претходникот на Лео, папата Франциск, почина на 21 април 2025 година од мозочен удар по долга хоспитализација предизвикана од респираторна криза која се разви во двојна пневмонија. Франциск страдаше од хронична белодробна болест, а му беше отстранет дел од едното белодробно крило уште како млад човек.

Најнови вести