Швајцарија ѝ врати на Египет маска стара речиси 3.000 години
Египетска погребна маска, која датира од вториот век пред нашата ера е вратена од Швајцарија во Египет. Маската била запленета во Швајцарија во рамки на кривична постапка.
Министерката за внатрешни работи на Швајцарија, Елизабет Бауме-Шнајдер му ја предаде древната погребна маска на египетскиот амбасадор.
Предавањето се одржа на свеченост во Домот „Беатрис фон Ватенвил“ во Берн, а според Федералната канцеларија за култура, со него Швајцарија ја потврдува својата посветеност во борбата против нелегалното пренесување на културното наследство.