Најмалку 120 лица се повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза, во египетската провинција Гиза, при судир со друг воз, недалеку од Каиро, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на несреќата биле испратени 50 возила на итната медицинска помош, екипи на цивилната заштита и безбедносните сили, пренесува Галф њуз.
Повредените биле пренесени во блиските болници во провинцијата Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за да можат да ги згрижат повредените.
Како што јавува Ал Арабија, машиновозачот загинал во несреќата.
Министерството за здравство првично испратило 20 возила на итната медицинска помош на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првичните проценки.
Одредени медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени надминува 150 лица.
Министерството за здравство првично испратило 20 возила на итната медицинска помош на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првичните проценки.
Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени е поголем од 150.
🚨Égypte 🇪🇬 : un train a déraillé dimanche à proximité de terres agricoles, dans la région d’Al-Ayat. Selon les premières informations, le nombre de blessés serait compris entre 50 et 120 personnes. pic.twitter.com/qY4RW73iUk
— LSI AFRICA (@lsiafrica) November 8, 2026