Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека во случај на војна меѓу Русија и Европа нема да има победници.
По самитот Русија-Африка, Путин пред новинарите рече дека лидерите на Европската Унија досега не успеале да остварат стратешки пораз на Русија и дека е малку веројатно тоа да им успее до 2030 година, пренесува РИА Новости.
„Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој не треба да го заборави тоа“, порача Путин.