Путин е домаќин на африканските лидери на самитот Русија-Африка во Москва

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на десетици африкански лидери на самитот Русија-Африка. За Западот, самитот се смета како дел од напорите на Москва да го прошири своето влијание низ целиот континент.

Дводневниот самит Русија-Африка во Москва, Путин го оцени како „дел од глобалната трансформација“ и крај на западната доминација, истакнувајќи дека заедно со африканските земји сведочат како мултиполарен свет станува реалност – тренд кој е и објективен и неповратен.

„Ерата кога судбините на цели континенти беа одредени од тесен блок држави се ближи кон неповратен крај. Таа е заменета со поправеден свет, во кој гласовите на сите нации што учествуваат во меѓународните работи мора да бидат слушнати”, рече Путун

Во својот говор на форумот, шефот на Кремљ повика на зајакнување на улогата на Африка во донесувањето одлуки во Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светска банка за да се задоволат потребите на континентот.

Најнови вести