Поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предал и е лишен од слобода.
Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, сам се пријавил кај надлежните органи.
Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби се меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во Државна лотарија.
По Бајрами беше распишна и меѓународна потерница.
Се очекува, министерството за внатрешни работи во текот на денот да излезе со повеќе детали.