Најмалку едно лице загина при пад на воен авион на североистокот од Франција синоќа, а друго се води како исчезнато.
Француското Министерство за вооружени сили објави дека авионот на француското воздухопловство, модел Мираж 20000, се урнал во регионот Мерт и Мозел.
На терен се ангажирани значителни сили на жандармеријата и противпожарните служби, кои работат на прецизно утврдување на местото на падот.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.