Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Сшоред Passport Reports, македонскиот пасош се наоѓа на 64. место во светот, со 114 достапни дестинации и опфат од 57,6 насто од државите во светот.

Рангирањето ја опфаќа можноста за патување без виза или со поедноставени постапки за влез во странски дестинации. На европската листа, пасошот на Македонија е на 39 место меѓу 47 земји.

Според рангингот, македонскиот пасош поминува 79 дестинации без виза, 29 со виза по пристигнување или други олеснети аранжмани за влез и шест со електронско одобрение за патување. За преостанатите 84 дестинации е потребна претходно добиена виза.

Од регионот, Србија е на 59 место, Црна Гора на 65, Албанија на 79, а Косово на 93 место.

На одделната листа за гостопримливост Македонија го зазема 89 место меѓу 199 земји. Ова рангирање ја оценува леснотијата со која странските државјани влегуваат во Македонија.

Passport Reports е платформата на која се објавуваат анализи за пасошите на 199 земји на 34 јазици.

Најнови вести