Сопственичка на градинка во кинеската провинција Гансу е осудена на доживотен затвор поради труење на повеќе од 200 деца и вработени со храна загадена со олово. Уште петмина вработени добиле затворски казни.
Ли Хуифанг, која управувала со градинката „Хеши Пејсин“ во градот Тјаншуи, е прогласена за виновна за производство и продажба на отровна и штетна храна.
Судот во Ланжу наредил и конфискација на нејзиниот имот во вредност од 500.000 јуани, односно околу 66.500 евра, објави кинеската државна телевизија CCTV.