протести албанија

(ВО ЖИВО) УЛИЦИТЕ ВО ТИРАНА КАКО ВОЕНА ЗОНА: Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

И покрај тоа што демонстрантите мирно стоеле на булеварот, полициските службеници интервенирале за да ги растераат, користејќи водени топови и солзавец, јавува Еуроњус Албанија

Според медиумот група демонстранти одбила да се повлече, по што полицајците почнале да ги туркаат. Полицијата употребува и пепер-спреј, прскајќи ги демонстрантите директно во лицето.

Меѓу погодените има и група девојки на кои им се слошило откако биле испрскани со пепер-спреј во лицето.

Исто така, се известува дека полицијата пука и со гумени куршуми кон демонстрантите.

Откако ги отстранила демонстрантите од булеварот „Дешморët е Комбит“ и плоштадот „Скендербег“, полицијата ги следела околу еден час низ улиците на Тирана.

Демонстрантите повторно се вратиле на булеварот, каде што полициските службеници повторно ги повикуваат да се разотидат.

Демонстрант фрлил молотов коктел врз канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама.

 

Најнови вести