Бразил избира претседател во вториот круг на изборите. Во трка се двајца кандидати, актуелниот шеф на државата Луис Инасио Лула да Силва и сенаторот Флавио Болсонаро.
Последното истражување на јавното мислење, спроведено од 21 до 23 октомври, покажува поддршка од 46,3 проценти за Болсонаро и 45 проценти за Лула. Разликата е во рамките на статистичката грешка од 2,2 процентни поени.
Левичарот Лула да Силва, кој има 80 години, се стреми кон четврти претседателски мандат. Четириесет и петгодишниот Флавио Болсонаро сака да го продолжи политичкото наследство на својот татко, поранешниот претседател
Жаир Болсонаро
Изборите во Бразил се сметаат за историски важни за идниот политички правец на Латинска Америка.
Евентуална победа на Болсонаро би го зајакнала трендот на поместување надесно во регионот. Во последните години повеќе земји во Латинска Америка преку избори добија конзервативни влади.