Технолошки гигинати

КОГА ЉУБОВТА ЌЕ ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ: Истрага за извршниот директор на ЕНВИДИЈА

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американската технолошка компанија
ЕНВИДИЈА отвори независна истрага
за извршниот директор Јенсен Хуанг. Наводно, Хуанг имал врска со жена за која американските разузнавачи
се сомневале дека работи во корист на Кина.

Според Њујорк Тајмс, американски разузнавачи веруваат дека кинеската бизнисменка, која имала блиска врска со Хуанг, била агентка на Министерството за државна безбедност на Кина.

Компанијата соопшти дека одброт нема причина да верува оти се загрозени тајни на фирмата или националната безбедност и додаде дека Хуанг останува посветен на продолжување на својата функција и на
водењето на компанијата.

Претходно Јенсен Хуанг јавно призна дека бил неверен кон својата сопруга и се извини. Тој рече дека ја презема одговорноста за своите постапки и дека не ги исполнил обврските кон вработените, одборот и акционерите на ЕНВИДИЈА.

ЕНВИДИЈА е меѓу најголемите компании во
светот и се смета за клучна во производството на хардвери за новите
модели на вештачка интелигенција.

Најнови вести