13 годишно дете во критична состојба откако било избодено со нож

При нападот детето добило убод во пределот на срцето. Лекарите прават се што е во нивна можност да го спасат, изјави министерот за здравство.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Детето било повредено при тепачка на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во скопски Чаир. Сите учесници во инцидентот се обезбедени од страна на полицијата, изјави  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, појаснувајќи дека се приведени вкупно пет лица.

„Станува збор за ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници каде што кривично-правниот општествен одговор е многу поинаков отколку кога станува збор за одговор насочен спрема полнолетни лица. Овде мораме како општество малку подлабоко да навлеземе и мора да има поширок институционален одговор – и од страна на надлежните министерства, и од сите општествени чинители, од родителите, социјалните центри, МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование, здравствените центри и Министерството за здравство. Навистина ова е еден од најужасните предизвици коишто ги имаме пред нас“ – порача Тошковски.

Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, соопштија од министерството за внатрешни.

Најнови вести