Два дена по изборите, студентите бараат итни оставки во РТС

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Два дена по изборната победа во Србија, студентите во блокада побараа итни оставки од раководството на Радио- телевизија Србија, независно постапување на медиумскиот регулатор и ослободување на јавниот сервис од политички влијанија.

Со отворено писмо до РТС, до Советот на Регулаторното тело за електронски Медиуми (РЕМ) и Народното собрание во Србија се бара итна оставка од генералниот директор на РТС, неговиот заменик и уредниците на Информативната програма.

„Бараме привремена управа, предложена во договорот помеѓу Студентската листа и репрезентативните синдикати во РТС, која би била именувана во согласност со законот. Граѓаните имаат право на вистинити, целосни и непристрасни информации. Бараме одговорност од институциите и ослободување на јавниот сервис од политички влијанија“,се наведува во соопштението на студентите во блокада.

Што се однесува до РЕМ, студентите бараат независно постапување, одлуките да се носат јавно и образложение за постапувањето во случајот со ,,Информер”. Тие нагласуваат дека очекуваат јавен и образложен одговор во рок од седум дена од приемот на писмото.

Од Народното собрание бараат пополнување на испразнетите места во Советот на РЕМ преку законска и транспарентна постапка, заснована на стручноста и независноста на кандидатите

Претходно, Александар Вучиќ остро реагираше по упадот во редакцијата на српската телевизија „Информер”, оценувајќи дека станува збор за напад врз слободата на новинарството. Вучиќ ги обвини Европската Унија и новинарските здруженија дека молчат за случувањата и најави дека неговите политички соработници нема да се повлечат пред притисоци и закани.

притисоците и заканите.

Најнови вести