Израел бележи историска излезеност на парламентарните избори

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Израел бележи историска излезеност на парламентарните избори. До пладне гласале повеќе од 31 шроцент од запишаните избирачи, соопшти Централната изборна комисија.

Изборната трка во Израел се одвива во услови на длабока општествена поделеност. Аналитичарите посочуваат дека раната излезност на избирачките места покажува јасен замор од долгогодишното владеење на
Бенјамин Нетанјаху. Ваков одѕив не е забележан уште од 1977 година.

Во центарот на изборната трка е прашањето дали Бенјамин Нетанјаху ќе добие нов мандат да ја предводи владата или власта ќе ја преземе коалиција предводена од поранешниот генерал Гади Ајзенкот.

Високите бројки потсетуваат на неодамнешната мобилизација во Србија, каде што масовното гласање во првите часови беше директен показател за силен притисок врз власта.

Ова се први избори во земјата по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Се гласа и во градот кој се наоѓа на границата со Газа.

Најнови вести