Радио-телевизија Војводина се извини за годините непрофесионално известување

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Радио-телевизија Војводина им се извини на гледачите за долгогодишното, како што велат, непрофесионално известување, откако оставка поднесе вршителот на должноста главен уредник на Првата телевизиска програма, Ненад Ќаќиќ.

РТВ официјално потврди дека Каќиќ поднел оставка и дека на неговото место е именуван Блажо Поповиќ. За директор на програмата е поставен Предраг Новковиќ, по спроведен јавен конкурс.

Дневникот на РТВ во 17 часот почна со снимки од синоќешната прослава на победата на Студентската листа.

Водителот објасни дека телевизијата им останала должна на гледачите за тие снимки, но и за многу други информации во изминатите години.

И дел од вработените во Радио Белград побараа заминување на раководството и враќање на соработниците кои, според нив, останале без ангажман поради поддршката за студентите. Вработените и синдикатот во Радио Белград бараат и прекин на соработката со авторите кои, според нив, биле ангажирани за промоција на власта.

Најнови вести