Холандскиот јавен сервис НПО одлучи да се повлече од натпреварот за песна на Евровизија во 2027 година, по острите критики што ги доби поради претходната одлука земјата повторно да учествува на натпреварот заедно со Израел, пренесува „НЛ Тајмс“.
Холандија минатата година го бојкотираше натпреварувањето поради учеството на Израел. Медиумската куќа АВРОТРОС, која со години ги организираше подготовките на холандските претставници, потоа ги врати правата за учество на Евровизија на матичната организација НПО.
Кон крајот на септември, НПО објави дека Холандија ќе се врати на натпреварот, но најавата наиде на силен отпор во јавноста.
Омбудсманот на јавните сервиси примил десетици поплаки, додека околу 400 вработени во НПО испратиле писмо до раководството со кое побарале повлекување на земјата од Евровизија.