Чешка одлучи да се повлече од Евровизија поради намалувањето на буџетот на јавниот радиодифузен сервис ЧТ, објавија локалните медиуми.
Владејачката коалиција на премиерот Андреј Бабиш подготвува реформа на финансирањето на јавните медиумски сервиси, а ЧТ денеска соопшти дека нема да учествува на натпреварот во 2027 година, кој треба да се одржи во Бургас, Бугарија, во мај следната година, пренесува порталот „Рапортер“ (поранешен „Еурактив“).
„Знамето на Чешка нема да се вее на сцената за време на Евровизија 2027. Но, заедно ќе навиваме за останатите и се надеваме дека еден ден повторно ќе се сретнеме на Евровизија“, се наведува во соопштението на ЧТ.
Оттаму додаваат дека Евровизија е голем проект кој подразбира значителни програмски, продукциски и организациски барања.