Масовни протести во Франција, одложени натпревари од Лига 1

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Масовните протести што деновиве се одржуваат низ Франција се одразија и врз фудбалот. Раководството на француската Лига 1 беше принудено да одложи неколку натпревари по барање на локалните власти.

Натпреварот меѓу Лион и Анже, кој требаше да се одигра во сабота од 20:45 часот, е презакажан за недела попладне. Како што е наведено во соопштението, одлуката е донесена на барање на локалните власти.

Промени се најавени и за натпреварите во Ница и Лориен, поради безбедносната ситуација поврзана со протестите.

Според информациите од Франција, стотици илјади граѓани излегоа на улиците за да го изразат незадоволството од зголемените трошоци за живот, но и од лошите услови во училиштата.

Протестите предизвикуваат проблеми во организацијата на јавните настани, а нивните последици се почувствуваа и во распоредот на натпреварите од највисокото француско фудбалско првенство.

Најнови вести