Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика еврејските партии да коалицираат со него, ветувајќи дека ќе „ја отстранат егзистенцијалната закана од Иран“.
Обраќајќи се пред поддржувачите нешто по три часот наутро, Нетанјаху нагласи дека анкетите на излез покажуваат дека неговата партија Ликуд се предвидува да биде најголемата партија во следниот парламент.
Меѓудругото Нетанјаху ги наведе воените достигнувања на Израел во текот на изминатите три години и ги нагласи своите блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против иранскиот режим.
Во пораката упатена до неговите ривали, тој рече дека не треба да се формира влада што се потпира на арапските партии.
Партиите предводени од арапите имаа силен настап на изборите и би можеле да бидат клучни, бидејќи анкетите на излез покажуваат дека блокот на Бенјамин Нетанјаху и неговите противници се изедначени и не се во можност да формираат владини коалиции.
Конечните резултати од изборите се очекуваат во четврток или петок, а со оглед на политичкиот систем во Израел, помалите партии би можеле да имаат клучна улога во коалициските преговори.