Учествуваат 35 партии

Почнаа изборите во Израел: Нетанјаху пред голем политички предизвик

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Граѓаните на Израел денеска излегуваат на парламентарни избори, први по нападот на палестинското милитантно движење Хамас на 7 октомври 2023 година, на кои ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека анкетите укажуваат на неизвесна борба меѓу неговиот блок и опозицијата, пренесуваат денеска светските медиуми.

Низ целата земја се отворени избирачките места, право на глас имаат околу 7,3 милиони граѓани, а на изборите учествуваат 35 политички партии.

Избирачките места се отворени од 7:00 до 22:00 часот по локално време, додека првичните резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места.

Најнови вести