Обвинителите избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Гласачките места ќе бидат отворени од 08 до 16 часот, а резултатите по завршување на гласањето ќе бидат сумирани на јавна седница.

Вкупно 187 јавни обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петтемината пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Комисијата за спроведување на изборот, формирана од Советот на јавните обвинители, е во состав – Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Кандидатите на седница на Советот на ЈО на 13 октомври годинава ги претставија своите програми. Во фокусот се јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на Обвинителството.

Најнови вести