Четворица уапсени за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СВР Скопје во текот на вчерашниот ден лиши од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје. Тројца од уапсените се од Скопје, еден од Струмица, се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026.

Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести