мвр

ТРАГЕДИЈА: Прегазена жена во Скопје, починала на Клиника

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(62) од Скопје, удрило во 81-годишната Р.А. од с.Стајковци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.А., која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Најнови вести