ќе следува соодветна пријава

Им се заканувала на скопјани- повторно приведена „газдарицата“ која наплаќаше влез за Камени кукли

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полициски службеници од ОВР Кратово, вчера ја лишија од слобода С.Д.Б.(41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Инаку, ова не е првпат истата кратовчанка да биде приведена во врска со наплатата на влезници на „Камени кукли“. Случајот со управувањето со локалитетот и наплатата на пристап до него се провлекува со години, а општина Кратово претходно реагираше дека просторот е бесправно узурпиран.

Најнови вести